Американката Коко Гауф и кинеската тенисерка Кинвен Женг ќе играат за титулата на овогодишното ВТА финале кое се одржува во Ријад.

Откако актуелната олимписка шампионка Женг, во првото полуфинале, ја победи Барбора Крејчикова од Чешка со 6-3, 7-5, Гоф беше поуспешна во второто полуфинале против најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка од Белорусија, 7-6 (4), 6-3.

Американската тенисерка до победата дојде по еден час и 51 минута игра

За Гоф ова ќе биде прво учество во завршниот сезонски ВТА турнир.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/11/2024 10:28