Претседателот на Гана во заминување, Нана Акуфо-Адо, се соочува со тешки критики откако откри своја статуа за време на посета на западниот дел на земјата, јави денеска Би-Би-Си.

Статуата е наменета да ги почитува развојните иницијативи што ги надгледуваше претседателот додека беше на функцијата.

Јавноста повикува статуата да биде симната откако претседателот ќе ја напушти функцијата или дури веднаш, но други велат дека Акуфо-Адо заслужува да биде почестен.

Акуфо-Адо, кој ќе се повлече во јануари по два претседателски мандати, се пофали дека исполнил 80 отсто од ветувањата што му ги дал на народот.

Тој во средата при посетата нa западниот дел од државата ја откри својата статуа поставена пред Регионалната болница.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/11/2024 03:18