Британецот Нил Кросли од Јоркшир стана интернет-хит по видеоснимката со неговата грешка на свадбата на ќерка сѝ Ејми. Имено, таткото на невестата ја заборавил својата најважна задача тој ден - да ја однесе својата ќерка до олтарот.
Тој се збунил и пошол кон олтарот, додека Ејми сè уште го чекала знакот за поаѓање. Нил „гордо“ зачекорил, пред да почнат да го викаат назад...
Кога некој притрча по него, Нил, речиси стигнат до олтарот, изненадено се сврте и сфати дека ќерка му сè уште го чека. Невестата очигледно не се налути. Напротив, се изнасмеа заедно со другите на сметка на татко ѝ и мигот кога тој си ја сфати грешката. И Нил потоа се шегувал на своја сметка...
Во вториот обид, сепак, невестата и татко ѝ заедно го завршија свечениот о́д