Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер го продолжи денеска договорот со репрезентативецот Цветан Кузмановски.

Репрезентативното десно крило, како што е соопштено, стави потпис на договор со Еурофарм Пелистер до 2027 година.

„Во реализацијата на договорот активно се вклучува реномираната градежна групација БВ Бизнис Груп од Битола, предводена од реномираната градежна компанија БВ Инженеринг од Битола, која презема финансиска одговорност за реализација на овој договор и преку овој проект станува нов спонзор на РК Еурофарм Пелистер“, се наведува во клупското соопштение



Автор: Администратор
Објавено на: 11/11/2024 21:59