Германскиот тенисер Александар Зверев синоќа го победи Русинот Андреј Рубљев со 6:4 и 6:4 во меч од групната фаза на завршниот АТП турнир во Торино.
Оваа победа беше 50-та за 27-годишниот Германец остварена над противник од топ-10. Тој стана првиот играч роден по 1990 година со вакво достигнување.
Во Б-групата покрај Рубљов и Зверев, се и Шпанецот Карлос Алкараз и Норвежанецот Каспер Руд.
А-групата ја сочинуваат Јаник Синер (Италија), Тејлор Фриц (САД), Данил Медведев (Русија) и Алекс Де Минаур (Австралија). з