Италијанскиот тенисер Јаник Синер синоќа во Торино го доби трофејот за број еден во светот на крајот од сезоната.

Свечената церемонија се одржа пред натпреварот помеѓу Андреј Рубљев и Александар Зверев на завршниот АТП турнир.

Синер се искачи на првата позиција на светската АТП ранг-листа за прв пат во јуни оваа година и оттогаш не го отстапи на друг.

На турнирот во Торино, вечер од 20 часот Синер ќе се соочи со Тејлор Фриц (САД) во второто коло од А-групата



Автор: Администратор
Објавено на: 12/11/2024 22:25