Ако Уставниот суд го допре албанскиот јазик, плоштадите во Скопје ќе бидат полни. Остро предупредување од лидерот на ДУИ од вчерашниот митинг во Шуто Оризари.

– Ако се допре албанскиот јазик, сите Албанци ќе се кренат на нозе – порача Ахмети

„Вечерва на средбата со народот разговаравме за понижувањата, отпуштањата на Албанците, обидите за укинување на албанскиот јазик, балансерот и поништувањето на сите достигнувања на Албанците пред очите на прекршителите на волјата на Албанците од Вреди. Но, лидерот Али Ахмети ги увери членовите, симпатизерите и граѓаните дека по никоја цена нема да толерираат уништување на достигнувањата постигнати со многу жртви велат од ДУИ“, соопшти ДУИ.

Пораките на Ахмети доаѓаат во пресрет на одлуката на Уставниот суд за Законот јазиците која се најавува за средината на идниот месец. Слични пораки интегративците испраќаа и за укинувањето на балансерот. Партиското раководство одржа и состанок на највисоко ниво на кој се решија, наместо на протести, незадовоството да го искажуваат на партиски митинзи.

За Законот за јазиците до Уставниот суд се поднесени 13 иницијативи, кои се споени во еден предмет. Иницијативите се од различни граѓани, политички партии и здруженија, а предметот е оформен пред повеќе од 4 години.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/11/2024 02:32