Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп најави дека ќе го именува гувернерот на Северна Дакота, Даг Бургам за секретар за внатрешни работи.

- Бургам фантастично ќе го води Министерството за внатрешни работи, наведе Трамп.

Гувернерот на Северна Дакота е познат по своите конзервативни ставови, а претходно се обиде да се кандидира за републиканската претседателска номинација, но се откажа и стана поддржувач на Трамп.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/11/2024 15:53