Стејт департментот на САД одобри потенцијален договор со Грција за продажба на мотори за авионите ловци Ф-16 во вредност од 160 милиони долари.

Агенцијата за одбранбена безбедносна соработка денеска ја достави потребната потврда со која го известува Конгресот за оваа можна продажба.

Како што соопшти Пентагон, главен изведувач ќе биде компанијата „Џенерал електрик“.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/11/2024 20:50