Украина треба да стори сé што е можно за да ја заврши војната со Русија следната година преку дипломатски пат, изјави претседателот Володимир Зеленски, пренесува БТА.

Во радио интервју емитувано денеска, шефот на украинската држава повторно изјави дека, според него, рускиот претседател Владимир Путин не е заинтересиран за преговори за мировен договор.

Ситуацијата на фронтот во источна Украина е тешка и Русија напредува, призна Зеленски.

Вчера тој изјави дека под идниот американски претседател Доналд Трамп „војната ќе заврши побрзо“.

Зеленски изрази задоволство од неговите неодамнешни контакти со Трамп, и покрај загриженоста дека американската помош за Украина може да се намали во времето на следниот шеф на Белата куќа. Тој очекува дека ќе разговара лично со идниот американски претседател, а не преку посредници или пратеници.

Украинскиот претседател појасни дека, според него, војната ќе заврши поради очекуваната промена на политиката на САД, но наведе дека не е јасно кога точно тоа ќе се случи.

- Никој не сака мир повеќе од нас. Промената на политиката на САД сугерира дека дека војната ќе заврши. Не знам како. Нашата работа е да браниме силна позиција. Крајот на оваа војна е многу важен за нас, како што е праведен мир во кој нема да останеме со чувството дека сме ги изгубиле нашите најдобри луѓе поради неправда што ќе ни се наметне. Не можеме да ја наведнеме главата само затоа што некој е голем, а ние сме помали, рече Зеленски.

Тој појасни дека мировните преговори со Москва ќе бидат можни само доколку Украина е силна, а не сама против Русија. Затоа, меѓународната поддршка, вклучително и од САД, е клучна, нагласи Зеленски



Автор: Администратор
Објавено на: 16/11/2024 15:27