Кошаркарот на Сан Антонио спарс, Виктор Вембањама ноќеска го пропушти мечот со Далас поради повреда на коленото.

Спарс загубија од Далас со резултат 93:110. Францускиот кошаркар пред два дена доби удар во десното коленото на натпреварот против Лос Анџелес лејкерс по еден дуел со Ентони Дејвис.

- Добив сериозен удар. Но, тоа е само удар. Ништо не мрдна, ништо не се преврте наопаку. Така што е во ред. Ако ми е лошо, ќе бидам разумен. Но, се треба да биде во ред, изјави Французинот по судирот.

Во Сан Антонио очекуваат Вембањама веќе за следниот натпревар да се врати во составот.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/11/2024 04:25