Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација Лучијано Спалети ги искажа впечатоците по синоќешниот натпреварот со Франција во Лигата на нации.

Гостите во Милано победија со 3:1 и се израмнија во бодови со Италијанците.

- Само што почна натпреварот и примивме гол, авеќе по триесетина минути беше 0:2. Потрошивме многу енергија за да ја намалиме негативата. Откако постигнавме гол се чинеше дека можеме да изедначиме. Сепак, не игравме како на други натпревари. Нашите додавања не беа доволно брзи и прецизни. Дозволивме Франција да не затвори. Овој пораз создава одредени проблеми во однос на самодовербата, но не треба да не поколеба. Жал ми е за навивачите, бидејќи имаше одлична атмосфера на стадионот, изјави Спалети.

Франција со 13 бодови изби на првото место во групата 2 од А-сегментот. Италија на второто место има исто така 13 бода. Белгија и Израел собраа по 4.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/11/2024 14:26