Се стравува дека повеќе од 50 луѓе загинале по судири меѓу навивачи и стампедо на фудбалски натпревар во југоисточна Гвинеја, соопшти владата, пренесува Скај њуз.
Инцидентот се случи по завршувањето на фудбалски натпревар во Гвинеја, во градот Н'Зокоре, а информациите што пристигнуваат се повеќе од вознемирувачки.
Во оваа африканска земја традиционално се одржува натпреварување наречено „Мамади Думбуја“, а по завршувањето на еден натпревар се случија тешки инциденти.
Досега е потврдено дека во судирите има жртви, а снимките на социјалните мрежи прикажуваат безживотни тела на асфалтот. Според одредени извори, бројот на загинати е најмалку 100.
Судирот започнал во последните минути од натпреварот помеѓу Н'Зокоре и Лабе, кога навивачите се судриле со полицијата. Настанот ескалирал откако двајца играчи на Лабе добиле црвени картони, а еден министер наводно побарал тие да бидат повлечени. Следувал пенал за Лабе, што ги разбеснило навивачите кои почнале да фрлаат камења.
Полицијата одговорила со солзавец, што предизвикало хаос