Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор повторно се пожали дека често е мета на расизам во Шпанија. Додека беше во кампот на својата репрезентација, напаѓачот на Реал Мадрид даде интервју за ТВ каналот на бразилската федерација. Во разговорот тој сподели за чекорите напред во борбата против расистичките дела во Ла Лига.

-Веќе многу страдав во Шпанија, но понекогаш тоа се повторува. Но, во последните три месеци веќе успеавме да натераме три-четворица да платат ставајќи ги во затвор. Ова значи дека сме на вистинскиот пат, истакна Вини Жуниор.

Додаде дека сите клубови и луѓе даваат се од себе за да се борат против расизмот.

-Во оваа битка учествуваат сите темнокожи играчи. Се надевам дека со тек на време ваквите случаи ќе бидат се поретки и поретки, додаде офанзивниот фудбалер на „кралевите“.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/11/2024 04:08