Игор Ѓоргоски е нов началник на униформираната полиција во СВР Велес, информира попладне портпаролот на велешката полиција, Биљана Ѓаковска. Тој доаѓа на местото на Енис Тутуќ, досегашен началник на униформираната полиција во СВР Велес.
Ѓоргоски својата кариера ја започнал во Армијата во 2001 година како професионален војник во 3-тиот баталјон на ВВ и ПВО, каде во 2003 година се стекнал со чин водник-командир на ракетно одделение Стрела 10 М-заменик командир на вод.
Во 2005 година со преземање од АРМ во МВР бил распореден како полицаец во ПС за ОДГ Богородица, а од 2012 година бил распореден во СВР Велес, ПС ОН Велес како дежурен и извршувал работни задачи како лице за прифат-сменоводител. Во 2014 година кариерата ја продолжил како виш инспектор во оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал до крајот на 2015 година кога бил распореден на работно место заменик командир во ПС ОН Велес.Од 2019 година е заменик командир во ПС за БПС при СВР Велес, од каде сега ја превзема фунцијата началник на одделение на полиција при СВР Велес