Крунисувањето на британскиот крал Чарлс Трети и кралицата Камила лани чинеше 72 милиони фунти (86 милиони евра), соопшти денеска британската влада.

Во својот годишен извештај, британскиот Оддел за култура (DCMS), што беше одговорен за организирање на крунисувањето, прецизираше дека церемонијата чинела 50,3 милиони фунти (60 милиони евра), а 21,7 милиони фунти (26 милиони евра) се издвоени за безбедносни трошоци.

Тие посочуваат дека крунисувањето беше можност да се соедини целата земја и да се зајакне националниот идентитет, како и да се претстави Велика Британија во светот.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/11/2024 04:19