Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето вечерва изјави дека ја смета погрешна одлуката на Меѓународниот кривичен суд (МКС) да издаде налози за апсење на израелскиот премиер и министер за одбрана Бенјамин Нетанјаху и Јоав Галант, но рече дека, и покрај тоа, тие би биле уапсени доколку дојдат во Италија.

Според него, „Италија го почитува меѓународното право“.

„Мислам дека донесоа одлука со која израелскиот претседател и министерот за одбрана ги ставија на исто ниво со оние кои го организираа и водеа нападот што доведе до масакр и киднапирање на луѓе во Израел, поради што започна војната. Тоа се две сосема различни работи“, рече тој за време на гостувањето на телевизијата РАИ Уно. з



Автор: Администратор
Објавено на: 22/11/2024 04:24