Околу 33.000 домаќинства останаа без струја денеска во Франција, главно во Нормандија и долж реката Лоара на запад, поради бурата Каетано што вчера го зафати регионот, соопшти компанијата „Енедис“, која управува со електричната мрежа.

„Денеска во 13 часот 33.000 домаќинства останаа без струја“, соопшти мрежата, додавајќи дека најпогодени домаќинства се во Нормандија (15.000 домаќинства) и околу реката Лоара (12.000 домаќинства).

„Енедис“ наведе дека мобилизирал 2.200 негови техничари за да ги отстранат нарушувањата и да обезбедат електрична енергија, по налетот на бурата што предизвика врнежи од снег и брзина на ветер до 130 километри на час.

Невремето предизвика прекини на многу сообраќајни правци, а влијаеше и на железничкиот сообраќај.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/11/2024 03:49