Онур Ѓунај, синот на турскиот градоначалник кој почина од срцев удар во Скопје, бил приведен откако во казино со нож се заканил на обезбедувањето, пренесува Телевизија Телма. Тој бил учесник во тепачка во казиното, по што се обидел со ладното оружје да се пресмета со обезбедувањето.

Тој е син на Мустафа Ѓунај, градоначалник на една од општините во градот Измир. Тој за турските медиуми изјави дека неговиот син починал од срцев удар.

Од МВР соопштија дека на 20 ноември од затворот во Шуто Оризари било пријавено дека на 34 годишниот турски државјанин му се слошило по што бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, каде што починал.

Неговото тело по наредба на јавен обвинител беше дадено на обдукција. Во меѓувреме обдукцијата е направена и сега се чекаат токсиколошките анализи.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/11/2024 04:25