Фудбалска Бугарија со огромна неверица го пренесе неверојатниот гаф кој беше направен за време на натпреварот меѓу Арда и Левски во Првата лига, пресметка која започнала со минута молк за фудбалер кој испадна дека е жив.
Фудбалскиот клуб Арда предвреме го испрати во вечноста својот поранешен член Петко Ганчев, но откако испадна дека информацијата која ја добиле била погрешна, вчера следеше извинување до цела јавноста.
Конфузијата која настана со едноминутниот молк направи да ја видиме најневеројатната ситуација на овие простори во последните неколку години, а сега и самиот Ганчев дал изјава која исто така е легендарна.
– Не пропуштам да ги гледам натпреварите кои ги гледа Арда и обично тоа го правам на телевизија. За натпреварот против Левкси задоцнив десетина минути бидејќи имав работа. Кога влегов дома, сопругата се стрча кон мене цела во солзи и почна да вика: Петко, Петко, на телевизија објавија дека си починал…….
– Не можев да разберам што ми зборува, не знаев што се случило. Да се биде закопан жив е навистина доста стресно, тоа беше соопштено на цела Бугарија….. Не знаете колку повици добив во неделата, ми се јавија роднини, пријатели, познаници. Кога ја слушнав страшната вест, си се почастив со една чашка ракија, – открива Петко Ганчев.