Возачот на Ферари, Шарл Леклер постигна најбрзо време на единствениот тест на патеката пред Гран при на Катар во Формула 1. Пилотот од Монако го постави најбрзиот круг на патеката „Лусаил“ за 1:21.953 минути.

Леклер ги остави зад себе двајцата возачи на Мекларен - Ландо Норис (Велика Британија) и Оскар Пјастри (Австралија), кои заостанаа 0,425 односно 0,472 секунди зад лидерот.

По првата петорка следат Карлос Саинц Џуниор (Шпанија) со Ферари и Јапонецот Јуки Цунода (РБ).

Во топ 10 не влезе Макс Верстапен (Холандија, Ред Бул), кој ја обезбеди четвртата последователна титула во Лас Вегас пред една недела.

Квалификациите ќе се одржат подоцна вечерва за утрешниот спринт. Потоа следуваат квалификациите за вистинскиот натпревар во Катар, кој е в недела.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/11/2024 04:42