Норвешките скијачи доминираа на денешната трка на 20 км. масовен старт од Светскиот куп во финскиот зимски центар Рука.

Првото место го освои Хералд Естберг Амундсен со време 46 минути и 4 секунди.

Јан Томас Јенсен трката ја заврши на втората позиција со заостанување 0,9 секунди зад победникот, трет беше Мартин, Ниенгет со 1,9 секунди побавно време од Амундсен.

За 26-годишниот Амундсен ова беше шеста победа во Светскиот куп.

Следната трка од Светскиот куп е за пет дена во Лилехамер - 10 км слободен стил индивидуален старт. Во поредокот води Амундсен со 250 бодови, пред Јоханес Клебо кој има 200.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/12/2024 02:41