Серхио Перез го напушта Формула 1 тимот Ред Бул на крајот од тековната сезона, објави денеска ЕСПН.
Ветеранот е осми во поредокот кај возачите на само една трка до крајот на првенството.
-Ќе му дозволам на Чеко да донесе свои заклучоци. Никој не го тера на ништо. Очигледно, ситуацијата воопшто не е пријатна, коментираше шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, цитиран од светските агенции.
Перез го обнови договорот за 2025 година, а во тимот може да остане и како амбасадор.
Последната победа на Мексиканецот досега беше на трката за ГН на Азербејџан во 2023 година.
Серхио Перез е во Ред Бул од 2021 година, а забележа шест први места и 39 пласмани на подиумот.