Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје вчера извршиле претрес во домот на 18-годишен скопјанец, со иницијали Л.С., на територија на Карпош.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, при претресот се пронајдени марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана.

-Л.С. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од КЗ, информира МВР.

Претресот бил извршен по претходно добиена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/12/2024 03:39