Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе до Основното јавно обвинителство Свети Николе поднесе кривична пријава против М.М.(36) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение дека сторил четири кривични дела „тешка кражба“ и две кривични дела „кражба“.
Како што соопшти денеска МВР, М.М. на 10 септември годинава во куќа, сопственост на А.К. се обидел да одземе паричник, но бил затекнат и спречен од сопственичката, а на 11 септември во централното градско подрачје на Свети Николе, од паркирано патничко возило „фолксваген голф“, сопственост на Д.В. од с.Ерџелија, светиниколско, одзел пари.
На 7 септември на улицата „Кочо Рацин“ од А.Ј. одзел паричник, а на 25 август со употреба на сила од три паркирани патнички возила на ул.„Маршал Тито“ во Свети Николе одзел пари и други предмети.