Реализирана е третата стручна средба во штипскиот Апелационен суд за Предлог законското решение за изменување и дополнување на законот за Судски совет. Државниот секретар во Министерството за правда, Дејанчо Ефтимов кој денеска присуствуваше на расправата во Апелациониот суд во Штип вели целта е да се сумираат сите мислења и предлози, за да се регулира судскиот систем.

Изборот на членови на Судски совет е една од темите кои се дискутираа на денешната стручна средба, а кога ќе се сумираат крајните мислења и предлози ќе се формираат измените и дополнувањата на законот.

-На оваа дебата се сумираат сите мислења, предлози токму од оние кои најдиректно се засегнати од имплементација на законот кој ја регулира нивната работа. Судскиот совет целта за која е основан е всушност независност и стручност на целокупниот систем. Тоа е телото кое ги регулира сите текови во однос на судските постапки. Токму од овде тргнуваме со стручни дебати во сите апелациони подрачја и со стручната јавност за да можеме да изготвиме едно сеопфатно решение кое ќе биде имплеметирано и ќе допринесе да бидат надминати сите аномалии, вели Ефтимов.

Според него, вистинска кочница во моментот е неприменувањето на одредбите на законот. Тој додава дека потребно е имплементација на одредбите на позитивните законски прописи. Стручни средби ќе се реализираат и во апелационите подрачја во Гостивар и Скопје



Автор: Администратор
Објавено на: 04/12/2024 02:13