„Точно е дека градот не бил никогаш во полоша состојба во однос и на осветлување за време на пред новогодишни празници, но и во текот на цела година. Затоа што имаме општини не само во градскиот дел, туку и во приградските населби кои се надвор од Скопје, а секако таму живеат голем број на граѓани и често нема никакво осветлување и тоа е голем проблем за градот“ , “ изјави координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Совет на Град Скопје, Мартин Стојановски на вечерашното гостување на Телма телевизија во емисијата „Топ тема“.

Стојановски го изнесе својот став по однос на предновогодишното украсување, напомена дека премногу се доцни, но исто така истакна дека Арсовска минатата година ветувала дека веќе во септември градот ќе биде украсен, а реалноста сепак кажува сосем спротивно.

„Во однос на украсувањето мислам дека веќе се доцни иако сме тука некаде на граница за украсување на градот Скопје. Не треба да го заборавиме ветувањето од градоначалничката минатата година кога изјави дека во септември оваа година Скопје ќе биде украсено, а гледаме дека и ден денес нема поставено ниту една сијаличка во градот Скопје“ , дециден беше Стојановски.

Стојановски посочи дека ваквата ситуација не е во интерес на град Скопје, односно граѓаните заслужуваат да ја почувствуваат предновогодишната еуфорија. Испрати порака дека искрено се надева дека во најбрз можен рок градот ќе биде украсен онака како што и доликува на една метропола како што е град Скопје.

„И тоа е многу лошо за секое семејство кое сака да го однесе своето детенце на плоштад. Кога ќе прошета покрај булеварите како што беше пракса во минатото да бидат осветлени и да се сликаат со новогодишна елка. Мислам дека тоа моментално му фали на Скопје и се надевам дека за многу брзо од денес ќе биде украсено како што доликува на една ваква убава метропола каква што е градот Скопје“ , заклучи Стојановски.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/12/2024 04:49