Социјалниот дијалог е основата на нашиот европски модел, што ни овозможува да најдеме одржливи решенија за проблемите, засновани на постојани преговори меѓу различни претставници на нашите општества и да се поврземе со граѓаните во справувањето со најголемите предизвици со кои се соочуваме денес, порача претседателот на Советот на ЕУ, Антонио Кошта во обраќање пред Европскиот економски и социјален комитет.

- Проширувањето не може да биде успешно ако не го слушаме граѓанското општество во земјите кандидати од Западниот Балкан, изјави Кошта нагласувајќи дека во овој процес од голема важност е Европскиот економски и социјален комитет да биде во контакт со невладините организации од државите во регионот на редовна и интензивна основа.

Според Кошта, социјалниот дијалог е неодминливи и при напорите за постигнување климатска неутралност или за зацврстување на глобалната позиција на ЕУ, преку градење на мрежа на партнерства со сите засегнати страни.

Кошта потенцира дека социјалниот дијалог има особено важната улога во вклучувањето на гласот на младите при изработката на законодавството на ЕУ, со што ќе бидат слушнати ставовите и преокупациите на младата генерација.

Тој нагласи дека меѓу главните прашања со кои се соочува европскиот економски и социјален модел е дали ќе се одржи ветувањето на ЕУ за заеднички просперитет за нејзините граѓани.

- ЕУ отсекогаш била се држела за тоа ветување. Генерално, секоја земја членка е многу попросперитетна благодарение на членството во ЕУ. Нашиот пазар е многу атрактивен, а вработеноста е се уште на рекордно ниво, рече Коста.

Во овој момент, според него, предизвик е одржување на ветувањето за просперитет во услови кога бизнисите се соочуваат со високи цени на енергијата и административен товар, работниците со обезбедување социјално сигурноста, а новите генерација со неизвесност.

Кошта смета дека за да обезбеди просперитет, ЕУ мора да ја обнови својата конкурентност, да го зајакне единствениот пазар, да ја зголеми продуктивност, да ги обезбеди потребните финансии за иновации и инвестиции и да ја засили надворешната трговија.

- Добра работа е дека сме на вистинскиот пат. Ја поставивме дијагнозата, имаме амбициозни предлози, но мора да имаме политичка волја. Сега мора да испорачаме, заклучи Кошта.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/12/2024 04:48