Владата на Јужна Кореја понуди колективна оставка поради политичката криза предизвикана од одлуката на претседателот Јун Сук Јеол да воведе вонредна состојба, соопштија денеска официјални лица.

На состанокот свикан од премиерот Хан Дук-су, речиси сите министри, вклучително и министерот за финансии Чои Санг-мок и министерот за образование Ли Ју-хо, понудија колективна оставка поради политичката криза што избувна откако претседателот на Јужна Кореја нареди воена состојба и потоа го откажа истиот ден, но откако неговата извршна наредба не мина на гласањето во Парламентот.

Министрите се сметаат за одговорни за оваа одлука, па решија да поднесат оставка.

Министерката за правда Парк Сунг-Је денсак изјави дека „нема намера да продолжи со својата функција“.

Министерот за одбрана Ким Џонг-хјун, кој наводно му ја предложил воената состојба на претседателот, подоцна исто така најавил оставка.

Премиерот Хан апелираше до владата да продолжи да ги извршува своите должности.

„Ве замолувам да ги исполните вашите обврски заедно со јавните службеници од сите министерства, со цел да се обезбеди безбедноста на граѓаните и да се зачува секојдневниот живот“, рече тој.

Претходно, високи советници од претседателскиот кабинет, вклучително и шефот на кабинетот на претседателот, понудија оставки.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/12/2024 04:51