Под покровителство на градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, од печат излезе археолошкиот труд „Охридска археолошка азбука“.

На денешната промоција на ова дело посветено на најмладите жители на Охрид, беше истакнато дека станува збор за водилка кон осознавање на корените на македонскиот народ што досегнуваат длабоко, дури до античка и царска Македонија.

Градоначалникот Пецаков во обраќањето пред присутните на промоцијата нагласи дека нема опстојување во сегашноста и гледање кон иднината за еден народ ако не си го познава минатото...

„Древниот Охрид е бедем на македонскиот национален идентитет, научен и културен центар кој ја промовира Р. Македонија како земја која доследно се грижи за своето, минато, сегашност и иднина. А токму со пишување на вакви дела се грижиме за своето минато. Преку оваа книшка нашите сакани деца побрзо и посликовито ќе разберат кои сме и што сме. Осознавајќи и почитувајќи се себеси дозволуваме да не сакаат и почитуваат и останатите“, рече тој.

Пецаков уште рече дека младите читатели на „Охридската археолошка азбука“ преку бројни илустрации на 80-тина страници ќе најдат скапоцени содржини, за нив нечуени, но битни термини и поими...

„Ќе разберат што е тоа археологија, базилика, Византија, глаголица, десарети, ѓакон, Евангелие, Житие, Залив на коските, Свонлик кратер, Имарет, Јазик старословенски, Кадмо, Лихнидос и ред други поими. Подобро ќе разберат дека нивниот Охрид е град на испреплетена култура, историја и личности важни за регионалната и европската цивилизација, јадро на словенската писменост и кутурара. Тука твореле и создавале нашите светители и просветители Климент и Наум. Чиниш се уште во глува доба го слушаш гласот на Ловороносецот Прличев како се движи по охридските сокаци или ако нурнеш подлабоко ќе стигнеш до времето на Пердика и Самуил. Да, во тоа време низ страниците на „Охридската археолошка азбука“ ќе нурнат нашите деца, кои верувам дека ќе станат уште погорди на самите себе осознавајќи го своето минато“, рече Пецаков.

Тој упати благодарност до авторите на „Охридската археолошка азбука“, факултетските професори Антонио Јакимовски, Елизабета Томевска-Илиевска, Маја Јаневска и младиот археолог, Иван Малезанов.

Инаку, во денеска објавениот труд се поместени и образложени 89 археолошки поими, од кои 26 се однесуваат за Охрид. Седумстотини премероци од изданието објавено со поддршка на охридската Локална самоуправа се распределени на сите третоодделенци од охридските основни училишт



Автор: Администратор
Објавено на: 05/12/2024 05:32