Киев денеска го санкционираше поранешниот грузиски премиер и милијардер Бидзина Иванишвили, кој се смета за де факто лидер на земјата, во екот на масовните про-ЕУ протести во црноморската држава.

- Тоа се санкции против делот од владата во Грузија што му ја предава Грузија на Путин, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео објавено на социјалните мрежи.

Бидзина Иванишвили е грузиски политичар и олигарх, кој беше премиер на Грузија од октомври 2012 до ноември 2013 година. Тој е еден од најбогатите луѓе во Грузија. Неговото богатство годинава е проценето на седум милијарди долари. Тој го стекна своето богатство во Русија во 1990-тите по распадот на Советскиот Сојуз.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/12/2024 22:25