Возачот на Кик-Заубер, Валтери Ботас, не верува дека неговата Формула 1 кариера ќе заврши претстојниот викенд.
-Не сум сигурен дека претстојната трка ќе биде моја последна. Барем јас така се чувствувам. Ќе биде интересен викенд - ќе видиме дали ќе доживеам некаква емоција или тоа е само уште еден редовен работен викенд. Ќе дознаеме по финишот, изјави Ботас за „Racingnews365“.
Големата награда на Абу Даби, која ќе се одржи од 6 до 8 декември, ќе ја затвори сезоната 2024 година.
Титулата веќе ја обезбеди Макс Верстапен, негова четврта последователна во Формула 1 шампионатот.