Заменик министерот за правда Ален Деребан, во контекст на случувањата во правосудството во државата, вели дека не се само да критикуваат, туку и да работат и оти стојат, како што вели, на располагање на судската власт да помогнат за се она што значи подобрување на условите и можностите за независно функционирање на судската власт.
Прашан за финансиската независност на правосудството, Деребан вели дека таква е состојбата во државата, но дека како Mинистерство и заменик министeр ќе работи на подобрување на судскиот буџет.
- Финаниската состојба во државата е таква. Јас не сум во Министерството за финансии, меѓутоа како заменик министер за правда и општо како Министерство ќе се бориме за судската власт да добијат што поголема независност, тука спаѓаат и финансиското подобрување на состојбата и судскиот буџет, изјави Деребан, во одговор на новинарски прашња по отворањето на осмата регионална конференција на тема „Унапредување на довербата и авторитетот на судската власт преку поголема независност и транспарентност“, што денеска и утре се одржува во Охрид, во организација на Здружениеот на судии, во соработка со Амбасдата на САД и ЦЕЕЛИ институтот во Прага.
Во однос на најавите за робусна акција во правосудството, Деребан вели дека тие не се притисок врз правосудството. - Очекуваме и работиме правосудството повторно да застане на здрави нозе. Довербата на граѓаните во правосудството е на минимални два проценти. Сведни сме дека имаме нефункционален судски и обвинителски систем. Ние, само бараме да се подобри состојбата во судството и придонесуваме во тоа, меѓутоа свесни сме дека и самата законска регулатива на која работиме, самата по себе не може да ја подобри таквата состојба, туку е потребна вклученост и совесност од страна на сите чинители, вклучително и од страна на судиите и обвинителите, изјави Деребан. Имаме индиции за големи кривични дела од областа на криминалот и корупцијата, меѓутоа, посочи Деребан, обвинителството не поведува постапки и имаме опструирање