Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, денеска од Липково, апелираше сите судии од уставниот суд да бидат да бидат на ниво на задача и да носат одлуките во интерес на граѓаните, за соживотот, меѓуетничките односи, за доброто на државата. Тој кажа дека имало најави дека двајца судии немало да присуствуваат на седница, што значи дека нема да бидат легитимни одлуките.

- Имаше изјава од претседателот на Уставниот суд дека за треба да бидат присутни сите девет члена. Веќе има најави дека двајцата судии Албанци нема да присуствуваат на седницата, така што нема да биде легитимно каква и да е одлука без нивно присуство. Апелирам да бидат на ниво на задачата, бидејќи тие се политички одлуки коишто се битни, значи за соживотот, за меѓуетничките односи и за доброто на државата, изјави Меџити кој присуствуваше на акцијата на садење на дрвца, како дел од проектот за пошумување на деградирано земјиште на екстремно неповолни терени во општина Липково.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/12/2024 03:31