Земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала вечерва ја погоди морската област во близина на северниот дел на американската сојузна држава Калифорнија, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Земјотресот се случил на длабочина од десет километри.
Епицентарот на земјотресот бил на 108 километри северозападно од градот Фортуна, кој има 12.000 жители, а најголем град во областа е Санта Роса, каде живеат околу 180.000 луѓе