Српскиот премиер Милош Вучевиќ денеска изјави дека 10 декември е крајниот рок до кога треба да ги достави имињата на новите министри до српскиот Парламент на местото на двајцата министри кои поднесоа оставки.

„В недела и понеделник ќе имаме консултации и на Собранието ќе му ги предложам новите имиња на министрите за градежништво, транспорт и инфраструктура и внатрешна и надворешна трговија“, изјави тој за РТС.

Според него, реално е реконструкција на Владата на Србија да се случи напролет.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/12/2024 02:31