Филипче не се откажува од Заев, ниту од хибридниот режим во кој беше претворена државата со него.

Според „Економист", Македонија беше окарактеризирана како хибриден режим и тоа според индексот на „Економист" токму кога Зоран Заев беше премиер. Македонија стана хибриден режим заради криминалот и корупцијата на Заев.

Филипче со неоткажувањето од Заев, не се откажува ниту од негативната слика која тој ја остави за државата во светот.

Заради Заев, Македонците беа рангирани како најнесреќни луѓе во Европа. За Филипче очигледно тоа е добро.

Со неоткажувањето од Заев, Филипче не се откажува ниту од сериозната владина корупција, ниту од политичките унапредувања во судството и обвинителството, за кои пишуваше Стејт Департментот во неговите Извештаи во време на Заев.

Венко Филипче не се откажува од Заев, а со тоа ниту од неговиот криминал, корупција и срамот кој и го приреди на државата кај стигна. Венко Филипче сака да стане нов Заев, затоа не се откажува од него.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/12/2024 04:06