Романскиот Уставен суд денеска ги поништи претседателските избори, чиј втор круг требаше да се одржи в недела, во атмосфера на големо сомневање за руско мешање.

Објавено е дека судот го поништува целиот процес за избор на романскиот претседател за да се увери во валидноста и законитоста на изборите и бара повторно да почне целиот изборен процес.

Одлуката беше донесена само два дена откако е укината тајноста на разузнавачките документи кои укажуваат на тоа дека Русија водела координирана онлајн кампања за промовирање на екстремно десничарскиот аутсајдер кој победи во првиот круг.

Документите на романските разузнавачки агенции покажаа дека имало „агресивни хибридни руски напади“ во Романија за време на изборниот период, а победата на десничарскиот кандидат Калин Герогеску беше резултат на координирана кампања на социјалните мрежи.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/12/2024 07:02