Четирикратниот светски првак во Формула 1, Холанѓанецот Макс Верстапен, објави денеска дека го очекува своето прво дете со Кели Пике, ќерката на бразилскиот трикратен шампион Нелсон Пике.

„Мини Верстапен-Пике е на пат. Не можевме да бидеме посреќни со нашето мало чудо“, објави парот заедно на Инстаграм во пресрет на последната трка во Ф1 сезонава во Абу Даби.

Тоа ќе биде второ дете за Кели Пике, која роди ќерка со поранешниот возач на Ред Бул, Русинот Данил Квјат во 2019 година.

Холандскиот возач Верстапен минатиот месец на трката за Големата награда на Сао Паоло ја освои својата четврта последователна титула со Ред Бул.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/12/2024 17:11