Меѓународната агенција за интегритет во тенисот (ИТИА) денеска ја потврди четиригодишната суспензија на Дамјан Дејановиќ, тениски судија од Босна и Херцеговина, поради шест прекршувања на Тениската антикорупциска програма (ТАЦП).

Дејановиќ призна дека се обложувал на професионални тениски натпревари, но ги отфрли обвиненијата за манипулација со податоци за резултатите и заговор за извршување корупциски прекршоци во врска со два меча што ги судел, објави ИТИА.

Рочиштето за овој случај беше одржано преку видеоконференција на почетокот на октомври, а Дејановиќ е прогласен за виновен за сите шест прекршоци, кои се случиле помеѓу 2022 и 2023 година. На Дејановиќ му е изречена и парична казна од 5.000 евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/12/2024 17:17