Иран започна со евакуација на високи воени команданти и функционери од Сирија, дознава „Њујорк Тајмс“.
Според извори од Иран и регионот, евакуацијата почнала вчера наутро, а меѓу евакуираните има команданти од елитната воена единица на Иранската револуционерна гарда, дипломати, нивните семејства и цивили.
Некои од официјалните лица ја напуштија Сирија со авион, додека други отпатуваа по копно за Либан, Ирак и сирискиот крајбрежен град Латакија.
Иран, заедно со Русија, беше клучен сојузник на сирискиот претседател Башар ал-Асад за време на повеќе од децениската граѓанска војна во земјата, поддржувајќи го владеењето на Асад како дел од иранската „оска на отпорот“ која се противи на Израел и САД, со поддршка на либански Хезболах и други ирански груп