Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски во коментар за писмото што го упатиле од ДУИ до меѓународната заедница „за решително делување со цел да се спречи дестабилизација во земјава“, во пресрет на закажаната седница на Уставниот суд за Законот за употреба на јазиците, наведе дека „само исплашен човек се заканува“ и оти „ДУИ треба да научи да биде конструктивна опозиција“.

- На ДУИ освен закани не им остана ништо друго да прават. Тие и СДСМ делуваат отсутно, дезориентирано и невротично. Пробуваа со етнички тензии, но не им помина. Велеа ќе имаат протести, ништо ниту од тоа. Сега почнуваат да се закануваат. Само исплашен човек се заканува. ДУИ да научи да биде конструктивна опозиција, рече Петрушевски на новинарско прашање на прес-конференција во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/12/2024 04:16