Крајно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) ја номинираше Алиса Вајдел за свој кандидат за канцелар на Германија на претстојните парламентарни избори што ќе се одржат во февруари.

АфД во последно време добива на популарност и моментално е втора најсилна партија во земјата по централно-десничарските Демохристијани. АфД во моментов има меѓу 18 и 19 отсто во анкетите.

Ова е првпат АфД да предложи свој кандидат за канцелар.

Вајдел, 45-годишна економистка, рече дека ќе ја рестартира економија во земјата, ќе стави крај на енергетската транзиција во Германија и ќе ја намали имиграцијата.Таа ја нарече илегалната миграција во Германија „изворот на сето зло“.

Останатите кандидати за канцелар се актуелниот канцелар Олаф Шолц од Социјалдемократската партија, Фридрих Мерц од Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и Роберт Хабек од Партијата на зелените.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/12/2024 04:49