Австрискиот канцелар Карл Нехамер ја предложи Австрија за место за одржување на мировни преговори за Украина за време на денешната средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Париз.
„Австрија е подготвена како неутрална земја да биде домаќин на мировни преговори во секое време“, напиша Нехамер на платформата „Икс“. Зеленски му се заблагодарил за поддршката и повикал Австрија да ја потпише заедничката изјава на Г7 за долгорочна поддршка на Украина.
Зеленски, на социјалната мрежа Икс нагласи дека е неопходно да се изврши притисок врз Русија за постигнување траен и праведен мир.с