Демонстранти во сирискиот главен град Дамаск ја урнаа статуата на Хафез Асад, таткото на сирискиот претседател Башар ал Асад.

Демонстрантите се собрале на централниот плоштад во населбата Џарамана, каде доминира друзиско и христијанско население. Плоштадот го носи името на Хафез Асад, а неговиот споменик е соборен и сниман на видео, кое е објавено на социјалните мрежи.

Насобраните се упатија кон владините згради во областа на главниот град под силен полициски надзор.

Демонстрантите маршираа кон полициските канцеларии барајќи да бидат испразнети, соопштија активисти. Властите ги толерираа повеќето протести на малцинството Друзи во земјата, за разлика од другите области контролирани од владата каде што безбедносните сили пукаа врз демонстрантите.

Инаку, семејството на Асад владее со Сирија во последните 53 години. Но, американски функционер, кој побарал да не биде именуван, за Си-Би-Ес изјави дека Дамаск се чини дека „паѓа во рацете на бунтовниците, предградие по предградие“, додавајќи дека борците кои се противат на режимот на Асад напредуваат на главниот пат кон сириската престолнина.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/12/2024 05:40