Градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс соопшти дека е идентификуван осомничениот за убиството на извршниот директор на Јунајтед Хелт (United Health), Брајан Томпсон, објави „Њујорк пост“.
Адамс изјави дека истрагата напредува, но одби да го открие името на осомничениот.
Томпсон (50) беше застрелан во грбот од маскиран напаѓач, во средата, во напад што полицијата го опиша како „целосно планиран“. Нападот се случил непосредно пред годишната конференција на компанијата, во хотелот „Хилтон“ на Шестата авенија во Њујорк.
Напаѓачот избегал на електричен велосипед, а мотивите за нападот сè уште се непознати