Британски готвач, чиј ресторан има ѕвезда на „Мишелин“, ги повика крадците кои му го украле комбето со 2.500 пити - „да ја направат вистинската работа“, да не ги фрлаат, туку да ги остават некаде за гладни и изнемоштени луѓе, кои имаат потреба од нив.

Томи Бенкс, сопственик на два ресторана и паб во Северен Јоркшир, вчера на Инстаграм објави дека му е украдено комбе, со намирници во вредност од 25.000 фунти (повеќе од 30.000 евра). Тој ги повика крадците да ги остават питите во општински центар или пред народната кујна.

- Знам дека сте криминалци, но можеби би можеле да направите нешто убаво, затоа што следи Божиќ и ајде заедно да нахраниме неколку илјади сиромашни... Постапете правилно, не дозволувајте храната да оди в ѓубре. Тоа би било навистина срамота, вели готвачот, меѓу другото.

Во видеото, Бенкс побара од читателите - секој кој ќе се обиде да продаде негова пита, да го пријават в полиција. Полицијата во Северен Јоркшир соопшти дека биле информирани за кражбата и побарале од сите што имаат какви било информации да контактираат со нив.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/12/2024 04:49