Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција и Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје синоќа во 21:35 часот, по претходно добиена судска наредба од Основниот кривичен суд Скопје, извршиле претрес во домот на Д.А.(27) од Скопје, на подрачјето на Драчево.

Како што соопшти МВР, при претресот пронајдени се над четири килограми марихуана, 18 пакувања со прашкаста материја (амфетамин) и бела грутчеста материја.

Д.А. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/12/2024 10:28