Полициски службеници од Полициско одделение Градско синоќа во 19,50 часот го привеле 34 годишниот М.П. од Градско. При контролата на патничко возило „лада“ без регистарски ознаки, управувано од М.П., биле пронајдени огревни дрва без жиг и документација, информираат денеска од СВР Велес.
Дрвата и возилото биле одземени и предадени на Шумска полиција и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава,најавија од СВР Велес