Македонските сноуборд репрезентативци, Александар Кацарски и Миа Џагора, ќе ја претставуваат нашата држава на ФИС Светскиот Сноуборд куп во Кортина, Италија.

Сноуборд репрезентацијата на Македонија во состав: Александар Кацарски, Миа Џагора и Ева Башовска, веќе отпатуваа во Италија, каде ги започна десет дневните припреми и подготовки во скијачкиот центар Кортина Дампецо, каде што овој викенд ќе се одржи трка од Светскиот куп. Трката ќе се вози на официјалната патека која што ќе се користи на Олимписките игри Милано Кортина 2026.

Подготовките и настапот на македонските репрезентативци во Кортина е важен чекор за нивното понатамошно надградување и напредок, како и создавање на повисоки амбиции.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/12/2024 14:48